Пролог: Светиот маченик принцот Ерминигелд
 

 

Житие: Светиот маченик принцот Ерминигелд

Календар, житија, пости
Почеток
 
Син на готскиот цар Лувигелд, којшто се држеше за Ариевата ерес. Но пред сите ласки и закани на својот татко еретик Ерминигелд не отстапи од Православието. Татко му го фрли во затвор и на Воскресение рано испрати некој епископ еретик за да го причести. Но Божјиот угодник не сакаше да прими причест од раце на еретик, за што овој го извести царот. Царот се налути и нареди, па на Ерминигелд џелатите му ја отсекоа главата, во 586 година. Подоцна Лувигелд се покаја што си го уби синот, се одрече од ереста и се врати во Православие.

Тропар
Небесата денес торжествуваат, земјата се радува на квасот кој Христос нашиот Бог го подари на срцето твое, о Ерминигелде свет мачениче. А ти благодатно го отстрани зловерието Арианско од народ ти поверен, поведувајќи ги сите со примерот твој Бога да Го чествуваат Еден во Tроица. Моли Го сега Седржателот, о угодниче Господов, да нe сочува од погубната прелест идолска.