Пролог: Светата маченичка Тесалоникија, со Авкт и Таврион
 

 

Житие: Светата маченичка Тесалоникија, со Авкт и Таврион

Календар, житија, пости
Почеток
 
Оваа девица беше ќерка на еден идолски жрец Клеон, човек богат и надмен. Заради верата во Христа татко ? ја избрка од куќата и од градот. Двајцата чесни граѓани Авкт и Таврион го укорија Клеон за нечовечното однесување кон ќерка му, заради што тој ги обвини како христијани. Беа луто мачени и обезглавени заради Христа. Потоа ја мачеа и ја убија Тесалоникија. Пострадаа во македонскиот град Амфипол, близу денешната Кавала. Така овие маченици се удостоија со бесмртното царство страдајќи чесно.

Тропар
Самарјани свети, кои на Христа Бога се накалемивте, Таврионе и Авкте, кои душа за ближниот положивте, Христа ради маченички венец добивте. А и ти, девственичке света Тесалонико, Господ те посвои и Женик на душата твоја постана, Кој преку оган те очисти и пред вечноста како сад осветен те приведе. Радувајте се и за нас молете се вие чисти садови на Духот Свети.