Пролог: Светиот маченик Ромил и единаесет илјади војници
 

 

Житие: Светиот маченик Ромил и единаесет илјади војници

Календар, житија, пости
Почеток
 
Кога царот Трајан војуваше на Исток, еднаш нареди да се пребројат христијаните во неговата војска. И се најде дека во војската на царот има единаесет илјади христијани. Тогаш царот нареди сите да ги отпуштат од војската и да ги пратат во Ерменија. Свети Ромил беше началник на царевиот дом. Излезе пред царот и го укори за оваа постапка, објавувајќи се и себеси како христијанин. Царот заповеда и на Ромил му ја отсекоа главата. А од оние прогонети единаесет илјади војници десет илјади беа распнати на крст, а останатите убиени со други маки.

Тропар
Благочестив војнику на Небесниот Цар, Ромиле свети, кој од земните почести се откажа, итајќи кон војската небесна. Не издржа правдољубивото срце твое да ја скриеш вистината, и излезе да Го проповедаш Христа, станувајќи предводник на единаесет илјади христијани. Затоа сега, свет мачениче, благодатно нека молитвата твоја н? води кон спасение пред Господа.