Пролог: Преподобен Филотеј
 

 

Житие: Преподобен Филотеј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роден е во Хрисопол во Македонија. Турците го грабнаа од мајка му којашто беше вдовица и заедно со уште еден негов брат ги фрлија во затвор. Од затворот чудесно ги спаси Пресвета Богородица и ги пренесе во еден манастир во Неаполис Малоазиски. Подоцна неговата мајка ги најде своите синови како монаси, па и самата се замонаши. Филотеј премина на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во манастирот Дионисијат, а потоа во пустина. Беше чудесен подвижник и победник над демонската сила. Се упокои мирно во осумдесет и четвртата година од својот живот. Нареди да не го погребуваат, но да го фрлат неговото тело на шумските ѕверови и птици. Подоцна ноќе еден рибар виде некоја голема светлина во шумата и бидејќи беше премрзнат појде за да се огрее, зашто мислеше дека е оган. Но светлината доаѓаше од чудотворните мошти на Св. Филотеј.

Тропар
Чествување денес воздаваме на светиот подвижнички живот твој, о Филотее, оче преподобен, и Господа Бога Го прославуваме, Кој ни го откри смиреното твое живеење, кое Небеса достигна во слава Негова. Закрилен од Богомајката и денес моли се мир да најдеме за душите наши во Христа Господа.