Житие: Светиот маченик Марин
Тој беше војник. Не само што не сакаше да им принесува жртви на идолите туку и жртвите што ги принесоа другите ги растури и со нозе ги изгази. За ова го мачеа и го убија со меч во 3 век. Еден сенатор Астериј, облечен во бела скапоцена облека, го набљудуваше мачењето на Св. Марин. И толку се одушеви од верата во Христа, Којшто им дава толкава храброст на Своите следбеници, што самиот на грб го зеде телото на маченикот и чесно го погреба. Кога го видоа тоа незнабожците и него го убија како христијанин.
Тропар
Ревноста го издаде твојот подвиг пред луѓето и ангелите, свети мачениче Марине,
искрата се разгоре, пламенот нечистотијата ја изгоре во Божја слава, вистината во мачеништво се обои. Примајќи го венецот од Христа, палката на Астериј ја предаде,
кој како сведок на воскресението за живот вечен, самиот со благодат исполнет пред истата мерзост се исправи, и затоа живот вечен доби. Спомнете си за нас од местото на вашите небесни палатки.