Пролог: Света Јоана Мироносица
 

 

Житие: Света Јоана Мироносица

Календар, житија, пости
Почеток
 
Таа е жена на Хуза, дворјанин Иродов (Лука 8, 1). Кога му ја отсече главата на Свети Јован Крстител, Ирод ја фрли на нечесно место. Јоана ја зеде главта на Крстителот и чесно ја погреба на Елеонската Гора, на еден Иродов имот. Дури во времето на царот Константин Велики се откри чесната глава на Св. Предвесник Јован. Света Јоана се спомнува и како присутна при страдањето и Воскресението на Господ. Мирно се упокои..

Тропар
Рацете твои го следеа срцето за Христа подготвено, кога се осветија од главата Крстителова, о Јоано света, и душата пламен стана, кога мирото за Господа приготвено, ја исполни благоухано вселената. Спомни си сега за нас од рајската градина, света мироносице.