Пролог: Преподобномаченичка Елисавета Фјодоровна
 

 

Житие: Преподобномаченичка Елисавета Фјодоровна

Календар, житија, пости
Почеток
 
Светата преподобномаченичка, великата кнегиња Елисавета Фјодоровна е ќерка на Великиот херцог Хесен-Дармштадски, внука на англиската кралица Викторија. Била воспитана на англиски начин, строго: на едноставна облека и храна, на вршење куќни работи, на обемно проучување. Принцезата Елисавета особено се одликувала со љубов кон ближните, со сериозен и длабок карактер. На деветнаесет години станала жена на рускиот велик кнез Сергеј Александрович, петтиот син на царот Алексанадар II. После стапувањето во брак, постепено дошла до цврста одлука да прими Православие. Постојано ги посетувала болниците за бедните, домовите за старци, прифатилиштата за бездомни деца; раздавала храна, облека, пари, сакајќи некако да им го олесни животот на несреќните. Во 1894 година сестра ?, Алиса, се омажила за наследникот на рускиот престол, Николај Александрович, кој набргу станал цар. Во Православието таа го добила името Александра. На 18 февруари 1905 година сопругот на Елисавета Фјодоровна, Сергеј Александрович, бил убиен. Оттогаш таа не го симнала траурот, држела строг пост, многу се молела. Великата кнегиња ги собрала сите свои скапоцености и еден дел ги дала во државната благајна, еден дел на роднини, а дел употребила за изградба на обителта на милосрдието на светите Марта и Марија. Живеела строг подвижнички живот. Спиела на голи дрвени штици, тајно носела кострет, јадела само растителна храна, многу се молела, малку спиела, а сепак, на сите начини се трудела сето тоа да го држи во тајност. Во април 1918 година била уапсена и одведена во Перм. Последните месеци од својот живот ги поминала во притвор, во градот Алапаевск. Целото време го поминувала во молитва. Била убиена на 18 јули, заедно со други членови на Царскиот Дом.

Тропар
Смирением достоинство княжеское сокрывши, богомудрая Елисавето, сугубым служением Марфы и Марии Христа почтила еси. Милосердием, терпением и любовию себе предочистивши, яко жертва праведная Богу принеслася еси. Мы же, чтуще добродетельное житие и страдания твоя, яко истинную наставницу усердно просим тя: святая мученице великая княгине Елисавето, моли Христа Бога спасти и просветити души наша.