Житие: Преподобен Аврамиј Затворник и неговата внука Марија
Од родителите беше присилен да се венча, но на денот на свадбата ја остави невестата и домот на родителите и се оддалечи во самотија на голем подвиг. Се подвизуваше педесет години. За сето тоа време само двапати излезе од својата келија. Првиот пат излезе на заповед од месниот епископ за да го обрати во верата некое незнабожечко село. Вториот пат излезе за да ја спаси својата заблудена внука Марија. Се упокои мирно во 360 година, во седумдесеттата година од неговиот живот на земјата.
Тропар
Аврамие, Аврамие, оче свет благословен, на кого Господ подари ревност, диви ѕверови во облик човечки да скротува, а ти од нив со силата Господова стадо Христово направи. Не презирај ги, оче свет, нашите молитви преку тебе кон Бога принесени, туку како што Спасителот ја прости паднатоста Мариина по твоето застапништво, така и нас да н? помилува по твоите свети молитви.