Житие: Свети Силвестер, eпископ Римски
Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се исползува со поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување за верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така на пример го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како и оние саботи што паѓаат во пости. Со своите молитви и чуда помогна да се обратат во вистинската вера и да се крстат царот Константин и неговата мајка Елена. ? содејствуваше на царицата Елена да го пронајде Чесниот Крст. Со Црквата Божја управуваше дваесет години и животот го заврши чесно.
Тропар
Силата Господова преку тебе во кротост се претвори, о смирен слуго Господов Силвестре, а смирението ти подари пријател во лицето на Духот Свет, о исповедниче на вистината до крајот на времињата, Христос по твоите молитви, ги приведува во рајот на сладоста оние кои преку тебе во Него поверуваа.