Пролог: Светиот свештеномаченик Ермолај
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Ермолај

Календар, житија, пости
Почеток
 
Свештеник Никомидиски. Во времето на царот Максимијан беше со оние дваесет илјади маченици коишто царот ги осуди да бидат изгорени в црква (житие под 28 декември). Ермолај некако ја избегна смртта во таа прилика, заедно со уште двајца други свештеници, Ермип и Ермократ. Тој го крсти Свети Пантелејмон и заедно со него беше изведен на суд, мачен и најпосле убиен со меч. Со него пострадаа и Ермип и Ермократ и сите беа овенчани со венци на победа и слава во Царството Христово. Чесно пострадаа околу 304 година.

Тропар
Презвитеру свети Ермолае, со силата и власта ти дадена одозгора ја разреши душата Пантелејмонова од лагата демонска, и срцето негово го приви за Господа. Радувај се, свет свештеномачениче, заедно со Ермип и Ермократ: за делата по Христа извршени, а верата спасоносна исповедана, и за нас молете се од одаите на вечноста.