Пролог: Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, Свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа чудотворно да им помагаат на луѓето и да ја објавуваат силата Божја.

Тропар
Незлобивоста на гулабот по зборовите Христови, на тебе го навлече дарот на чудотворство, о Тимотее свети, поддржувајќи го великиот Јован, главата за вистината ја положи, непрестајно Христа проповедајќи Го, сите ги научи до крај да претрпуваат, верувајќи дека во Бога е спасението човеково.