Пролог: Преподобниот маченик Дамаскин
 

 

Житие: Преподобниот маченик Дамаскин

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роден е во Галата во Цариград и прво се викаше Дијаманди. Во младоста живееше неморално, така и се потурчи. Тогаш доживеа горко покајание и замина на Света Гора, каде што како монах строго се подвизуваше дванаесет години во Лаврата на Св. Атанасиј. Но желен за мачеништво, заради очистување од гревовите, отиде во Цариград и почна да оди по џамиите, да се крсти и да вели дека Исус Христос е Господ и Бог. Беше заклан пред портата Фанара на 13 ноември 1681 година. Моштите му почиваат на Халка во манастирот на Света Троица.

Тропар
Оној од Кого ти се откажа, поита да ја прими главата твоја исповедничка, о Дамаскине свет преподобномачениче, а твоето покајание радост сотвори за ангелите, кои сега молитвите наши до твојот дом Небесен ги принесуваат и умилно нашата молба ја возгласуваат: моли се за нас, свет Дамаскине, пред Оној Кој списокот на гревовите може да го раскине.