Божествена Литургија во Водоча
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Водоча (23.06.2024 13:52)

Денес, на празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите – Педесетница, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.