Професори и студенти од Аристотеловиот универзитет во Солун во посета на Струмичката епархија
 
 
 
 
 

Професори и студенти од Аристотеловиот универзитет во Солун во посета на Струмичката епархија (26.06.2024 20:52)

Денес, во посета на Струмичката православна епархија беа професори и студенти од Аристотеловиот  универзитет во Солун, Република Грција, заедно со свештеници од Православната црква на Грција.

Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум нив ги прими викарниот Епископ Стобиски г. Јаков. Гостите ги посетија манастирите „Покров на Пресвета Богородица“ во Водоча и „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса, како и манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. На свечениот ручек им посака добредојде и Митрополитот Струмички г. Наум.