Божествена Литургија во Струмица (16.03.2025 12:28)
Денес, во Неделата на свети Григориј Палама – заштитникот на Струмичката епархија, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Епископот во својата беседа изрази сочувство за загинатите во трагедијата во Кочани, истакнувајќи дека ова е заедничка болка и дека православниот христијанин мора длабоко да сочувствува со семејствата и блиските на загинатите и повредените, бидејќи тие се нашите ближни, посочувајќи дека само љубовта и грижата и помошта за другите нѐ прават вистински христијани!