Молебен канон кон Пресвета Богородица Брзопослушничка во Струмица
 
 
 
 
 

Молебен канон кон Пресвета Богородица Брзопослушничка во Струмица (19.03.2025 12:31)

Нa 19.03.2025 г., во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица, викарниот епископ Стобиски г. Јаков со свештенството и монаштвото на Струмичката епархија отслужи Молебен канон кон Пресвета Богородица Брзопослушничка за утеха, поткрепа и исцеление на постраданите браќа и сестри во трагедијата во Кочани, и на сиот народ, како и за покој на душите на преминатите.