Од август изложба на експонати од светогорското културно наследство во Хелсинки (06.04.2006)
Изложба на експонати од светогорското наследство ќе биде отворена во август во Хелсинки, во чест на претседавањето на Финска со Европската Унија. 300 експонати што ќе бидат изложени во двокатниот музеј во Хелсинки потекнуваат од Света Гора, но подоцна станале дел од колекции на музеи во Русија, Кипар, Германија и Грција. Изложбата е вонреден културен настан за Финска, чиј поголем дел од населението е со лутеранска вероисповед.
информацијата е преземена од Religious News Network:
http://news.rnn.gr/en/index.php?option=com_content&task=view&id=198&Itemid=2