Светиот Синод на Романската Православна Црква г. Амвросиј Синајски, досегашен викарен Епископ на Патријархот, го востоличи за Епископ на епархијата Giurgiu (југоисточна Романија) (12.04.2006)
Во неделата, на 9 април 2006 година, во соборната црква на Успението на Пресвета Богородица во Giurgiu (југоисточна Романија) на Божествената Литургија што ја отслужи Неговата Светост, патријархот Теоктист со архиереите на Светиот Синод на Романската Православна Црква, со митрополитска грамата и претседателски декрет на епископската Столица на епархијата Giurgiu беше востоличен Преосветениот Епископ г. Амвросиј. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на општината Giurgiu и неговите соработници, клириците од епархијата Giurgiu и претставници на локалната војска и самоуправа, заедно со многубројни присутни верни.
Неговата Преосветеност, д-р Амвросиј Синајски (роден во 1969 година) во 1996 година беше именуван за Старец на скитот Дарвари во Букурешт. Од 4 октомври 2000 година, по препорака на Патријархот Теоктист, од Светиот Синод на Романската Православна Црква избран е за викарен Епископ на Патријархот. Досега има издадено две книги, од кои втората е неговата докторска дисертација одбранета во 2005 година во Грција.
Извор: официјалниот сајт на Романската Православна Црква