За Велигден цариградскиот патријарх Вартоломеј отслужи воскресна Божествена Литургија во патријаршиската соборна црква (26.04.2006)
Цариградскиот патријарх Вартоломеј ја отслужи воскресната Божествена Литургија во патријаршиската соборна црква на Светиот великомаченик Георгиј во Истанбул, Турција. Непосредно пред полноќ на Велика Сабота, после еден час псалмопение и молитва, светлата во преполнетиот храм на Свети Георгиј Победоносецот беа изгаснати и Неговата Светост, патријархот Вартоломеј излезе со неколку свеќи, запалени од пламенот што традиционално се донесува од Господовиот Гроб во Ерусалим.
Известува: грчкиот дневен весник „Екатимерини“