Архиепископот Христофор избран за нов Поглавар на Православната Црква на Чешка и Словачка
 
 
 
 
 

Архиепископот Христофор избран за нов Поглавар на Православната Црква на Чешка и Словачка (03.05.2006)

На 2 мај 2006 г. во чешкиот град Вилемов се одржа Собирот на свештенството и мирјаните на Православната Црква на Чешка и Словачка, на којшто е избран новиот Поглавар, Местоблустителот на Митрополитскиот престол на Православната Црква на Чешка и Словачка Архиепископот Прашки и на Чешките земји Христофор.

Архиепископот Христофор е петтиот Поглавар на таа Црква по добивањето на автокефалност од  Московската Патријаршија 1951 г. Претходниот Поглавар Блажениот Митрополит Николај почина во Господа на 30 јануари 2006. Востоличувањето на Архиепископот Христофор ќе биде на 28 мај 2006 г.

 

Архиепископот Христофор (световното име Радим Пулец) е роден 1953 г. во Прага. Во 1974 е ракоположен ѓакон, а потоа за свештеник. Завршил Богословија на Православниот Богословски факултет во Прешов 1979 г. Завршил студии и на Московската Духовна академија 1984 г. и Богословскиот факултет на Атинскиот универзитет 1987 г.

 

Во 1985 г. пострижен е за монах во Троице-Сергеева Лавра со името Христофор. Во 1987 г. ракоположен е за архимандрит, а 1988 г. за Епископ Оломоуцко-Брненски од Блажениот Митрополит Доротеј. По смртта на Блажениот Митрополит Доротеј, во 2000 г. избран е за Архиепископ на Прага и на Чешките земји и назначен за поглавар на Митрополитскиот Совет.

 

Постојан е учесник на многубројни богословски конференции, се занимава со научна и предавачка дејност. Доктор е по теологија и философија. Владее со руски, грчки, германски и англиски јазик.


извор:
www.patriarhia.ru