Поглаварите на помесните Православни Цркви повикуваат кон воспоставување на единство помеѓу Руската Православна Задгранична Црква и Московската Патријаршија
 
 
 
 
 

Поглаварите на помесните Православни Цркви повикуваат кон воспоставување на единство помеѓу Руската Православна Задгранична Црква и Московската Патријаршија (12.05.2006)

Неговата Светост, патријархот српски Павле во своето послание до учесниците на IV Сезадграничен собор во Сан Франциско, помеѓу другото, вели дека без единството и обединувањето на Руската Православна Црква не може да дојде до духовна, морална и национална преродба на рускиот народ.

 

Неговата Светост, патријархот грузиски Илија II во своето послание до Соборот подвлече дека воспоставувањето на нормалните односи помеѓу Московската Патријаршија и Руската Православна Задгранична Црква и разрешувањето на некои други прашања имаат огромно значење за целото Православие. „Треба да сфатиме дека љубовта обединува, а злото разединува. Илјадници маченици се молат за воспоставувањето на мирот во Руската Црква“, рече грузискиот патријарх.

 

Неговата Светост, патријархот бугарски Максим истакна дека Бугарската Црква со големо внимание набљудува како се одвива процесот околу воспоставувањето на единството во Руската Православна Црква. „Вашата скрб беше и наша скрб, вашата радост ќе биде и наша радост“.

 

известува: Патриархиа.ру