Меѓународна кампања за повторно заживување на Света Софија во Цариград како православен храм
 
 
 
 
 

Меѓународна кампања за повторно заживување на Света Софија во Цариград како православен храм (02.06.2006)

Организацијата Free Agia Sophia Council in America го објави почетокот на меѓународната кампања за враќање на соборниот храм на Света Софија на Цариградската Патријашија. Кампањата истакнува дека станува збор за меѓународно движење иницирано во САД со цел големата црква на Света Софија во Цариград повторно да стане жива православна црква. Како аргумент за враќањето на црквата се вели дека „Владата на Турција ја нарекува и користи црквата како музеј, организира во неа локални и меѓународни трговски изложби, концерти и модни ревии“ и се истакнува дека “се работи за осквернување на свето место“. Движењето добива се поголем одек како во САД така и во земјите на Европската Унија.

 

известува: Патриархиа.ру