Планови за возобновување на Валаамскиот манастир
 
 
 
 
 

Планови за возобновување на Валаамскиот манастир (05.06.2006)

осветување на горниот храм на 19.08.2005 год.На островот Валаам, минатата година, свечено беше осветен горниот храм на Спасо-Преображенската соборна црква кој повеќе од 70 години беше потполно запуштен. Сега повремено тука се одржуваат богослужби. На иницијатива на советот задолжен за возобновување на Валаамскиот манастир, кој е под покровителство на рускиот Патријарх Алексиј, се изврши голем обем на реставрациони работи. При манастирот беше направена ремонтна-реставрациона база. Беа поправени сите бродови на манастирската флота и беше создадена транспортна инфраструктура. Од урнатините во околината на манастирот беа возобновени мноштво скитови и скитски цркви.

Денес, во Москва рускиот Патријарх Алексиј во црквата на Христос Спасителот ќе претседава со заседанието на советот за возобновување на Спасо-Преображенскиот Валаамски манастир.

 

известува: Православие.ру