На Columbia Универзитетот во САД за првпат отслужена Божествена Литургија на црквено-словенски јазик
 
 
 
 
 

На Columbia Универзитетот во САД за првпат отслужена Божествена Литургија на црквено-словенски јазик (12.10.2006)

На 7 октомври 2006 година, со благослов на администраторот на парохиите на Московската Патријаршија во САД, Епископот Зарајски Меркуриј, во црквата посветена на светиот апостол Павле на Универзитетот Columbia беше отслужена Божествена Литургија на црковно-словенски јазик. 

 

 

                      

 

Универзитетскиот храм на свети Павле е изграден во 1904 година како англикански, а сега не ѝ припаѓа на ниедна конфесија. Њујоршкиот Columbia Универзитет, основан во 1754 година, е еден од петте најстари и најпривилегирани високошколски установи во САД. Свештеникот Александар Абрамов, секретар на Претставништвото на Московската Патријаршија во САД, кој ја отслужи Божествената Литургија, во своето слово им обрна внимание на присутните на тоа дека мотото на Колумбискиот Универзитет: „Во Твојата Светлина ќе видиме светлина!“, е дел од црковна химна од православното богослужење. Тоа јасно укажува на длабоката врска меѓу вистинското образование и стремежот кон духовен раст, кон заедница со Бога. На богослужбата беа присутни и службениците во постојаното претставништво на Русија при Обединетите Нации и во генералниот конзулат на Руската Федерација во Њујорк.

 

Известува: Одделот за надворешни црковни врски на МП