Отворен е официјален сајт на Архиерејскиот и на Помесниот Собор на Руската Православна Црква 2009 година
 
 
 
 
 

Отворен е официјален сајт на Архиерејскиот и на Помесниот Собор на Руската Православна Црква 2009 година (20.01.2009)

Новиот интернет портал посветен на Архиерејскиот и на Помесниот Собор на Руската Православна Црква којшто треба да започне за неколку дена, достапен е на www.sobor2009.ru. Веб страницата содржи архив на документи од соборите од претходните години, но исто така и упатства кои што се однесуваат до учесниците на Соборот.

Особеност на новиот сајт е тоа што на неговите страници ќе бидат претставени два најзначајни настани во црковниот живот – Архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква, којшто ќе се одржи во Москва од 25-26 јануари и Помесниот Собор којшто ќе се отвори во соборниот храм на Христос Спасителот на 27 јануари и кој ќе трае до 29 јануари.

 

Моментално на сајтот постои архива на документи од соборите, објавени се програмите на Архиерејскиот и на Помесниот Собор, списокот на учесници на Соборот, а исто така и правилата за претставниците на Средствата за масовно информирање.

 

Планирано е на сајтот да се објавуваат официјални документи од претстојните Собори, а исто така и новости, фоторепортажи и видеоматеријали. Изворите ги обезбедува прес-службата на Архиерејскиот и Помесниот Собор на Руската Православна Црква.

 

Прес-служба на Московската Патријаршија

 

Извор: Patriarhia.ru