Цариградскиот Патријарх е на болничко лекување (14.05.2009)
На 13 мај 2009 година, Цариградскиот Патријарх Вартоломеј ја посети боницата во Истанбул поради настинка, која траеле повеќе од една седмица. Лекарите го прегледале и оцениле дека од превентивна причина пожелно е да се задржи Патријархот на болничко лекување и заради следење на развојот на болеста. Свештенослужител на Патријаршијата во Фанар изјави за агенцијата „Ромфеа“ дека „Вселенскиот патријарх е многу добро и нема причина за неспокојство. Во наредните денови тој ќе се врати на своите задолженија.“ „Планираното заседание на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија се одлага“, изјавија од Патријаршијата.
Извор: Двери.бг