Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Бдение во чест на Свети Јован Кукузел (14.10.2005)

 

 

На денот кога Црквата Божја го слави споменот на Преподобниот Јован Кукузел, во женскиот манастир во Рајчица, во параклисот посветен на Преподобните Григориј Палама, Нектариј Битолски и Јован Кукузел, сеноќно бдение отслужи игуменот на манастирот, архимандритот Партениј со свештеномонасите од манастирот на Свети Јован Крстител - Бигорски. После Акатистот кон Покровот на Пресвета Богородица и Вечерната богослужба (со литија и петолебие) беше отслужена Утрена на која присутните верни се поклонија на моштите на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец и беа помазани со елеј од кандилото што стои пред иконата на Свети Јован Кукузел. Празничното бдение во чест на патронот во Рајчица заврши со Божествена Литургија.