Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Алексиј II во разговор со српскиот претседател се заложи за продолжување на преговорите (19.11.2005)

Во патријаршиската резиденција на Свети-Даниловиот манастир, во Москва, на 15 ноември 2005 г., Поглаварот на Руската Православна Црква, патријархот Алексиј II, го прими претседателот на Србија, Борис Тадиќ, за време на неговата посета на Руската Федерација.

 

Во обраќањето кон српскиот претседател, Светиот патријарх Алексиј II меѓу другото рече: 

 

„Продолжува да нѐ обеспокојува црковната состојба во Република Македонија. Скоро 40 години веќе трае раздвоеноста. А во текот на последнава година спротивностите уште повеќе се заострија. Беше создадена паралелна црковна структура, но ова не помогна да се исцели расколот. Следеа дејствија од македонска страна, веќе повеќе од три месеци во затвор се наоѓа владиката Јован. Во врска со тоа ние му се обративме на претседателот на Р. Македонија, Бранко Црвенковски, со молба за ослободување на владиката. Но сега се води нов судски процес, во којшто се изнесени нови обвиненија.“

 

„Сево ова ги помрачува односите меѓу двата православни народи, ослабува Православието и на Балканот и во целиот свет. Ако народот на целата земја, без разлика што не е голема, е одлачен од општењето во верата со своите браќа и сестри - тоа е многу голема загуба за Православната Црква.“

 

„Затоа ние, без разлика на сите компликации, сметаме дека е непоходно да продолжат преговорите на Српската Православна Црква со ерархијата на Православната Црква во Македонија. Македонската страна повеќепати нѐ побара за помош во овој процес. Ние од своја страна сме подготвени за тоа.“      

 

„Во овој период Московската Патријаршија успешно го води преговарачкиот процес за зближување со Руската Задгранична Црква, со која бевме разединети повеќе од седум децении. Во мај во САД ќе се одржи Сезадграничен собор. Знаеме дека е поканет и Митрополитот Црногорски и Приморски Амфилохиј. Владиката ќе настапи со реферат. Сметаме дека и ние имаме извесен опит којшто би можел да користи во регулирањето на српско-македонскиот дијалог.“

 

информацијата е преземена од официјалниот web site на Московската Патријаршија: http://www.patriarhia.ru/db/text/58150.html