Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот на Свети Климент Охридски Чудотворец, патронот на Македонската Православна Црква (08.12.2005)

Изминативе три дена поминаа во молитвено чествување на празникот на Свети Климент Охридски Чудо­тво­рец, патронот и основоположникот на нашата просвета, кул­тура и Црква.

Одбележувањето на празникот на Свети Климент Охридски започна во вторник, на 6 декември 2005 година, кога се одржа свечена прослава во Македонска Православна Богословија „Св. Климент Охридски” во Драчево, Скопје. Со вечерното богослужение во црквата Св. Спас чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, а потоа свеченоста продолжи со пригодна духовна академија во Богословијата. Празничниот леб го прекрши Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а овогодишен кум беше г-динот Стево Попоски, директор на ХЕЦ „Козјак”. Беа доделени вообичаените Светиклиментови награди за најдобри дела во проза и поезија, а свеченоста беше збогатена со прекрасното пеење на богословскиот хор.

 

 

                          

 

 

 

         

 

 

 

         

 

 

  

      

 

 

Спроти празникот, во среда, на 7 декември, во Архиепископскиот соборен храм на Св. Климент Охридски, се одржа едноцрквие - празнична вечерна богослужба и потоа свечена духовна академија, на која ѓаконот Горан Стојчевски изнесе реферат по повод празникот.

 

Во четврток, на 8 декември, во соборниот храм на Св. Климент Охридски, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која чиноначалствувше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Европски г. Горазд и епикопот Велички г. Методиј, како и на бројно свештенство од Епархијата. Во ѓаконски чин беше ракоположен м-р Дејан Борисов, професор во Македонската Православна Богословија.