Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот г. Тимотеј отслужи Божествена Литургија во црквата на Свети Георгиј во Охрид (10.12.2005)

По повод празнувањето на изградбата на првиот храм (1051 г.) посветен на Светиот великомаченик Георгиј во Русија, Неговата Високопреосветеност, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки и администратор Повардарски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители од двете епархии, вчера во црквата на Светиот великомаченик Георгиј во Охрид отслужи Божествена Литургија.

 Првиот храм на Св. Георгиј во Русија бил изграден од рускиот кнез Јарослав, син на Св. кнез Владимир, кој кога примил Свето Крштевање го добил името Георгиј.

На празникот годинава црквата на Св. Георгиј во Охрид беше преполна со православни верници, коишто жедно примија и духовна храна од својот Епископ Тимотеј, кој им се обрати со празнично поучно слово. Многубројни од присутните верници на празникот пристапија пред светиот Путир и примија Причест од раката на својот Епископ.