Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Струмица на празникот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици (11.12.2005)

Денес, на празникот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и викарниот епископ Велички г. Методиј и со повеќе свештенослужители отслужи Архиерејска Божествена Литургија во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица. На Литургијата многубројниот присутен верен народ кој притекна на овој празник од сите краишта на Р. Македонија се причести со Светите Христови Тајни. На Литургијата присуствуваа градоначалникот на градот Струмица г-дин Зоран Заев и други претставници на локалната самоуправа како и пратениците во Собранието на Република Македонија (од Струмица).

 

          

 

            

 

      

 

            

 

      

 

          

 

„Голема пофалба и крепост има градот Тивериополски, светители, свештеници и левити: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се јавија.
Овие Петнаесет, демонските сили ги изгонуваат и на верните здравје им даруваат.“

„Со пост плотта ја умртвија, словото на благочестието го исповедаа, го презреа земното и Христа Го засакаа.
Мудри страдалци Петнаесет, на мачителите богомудро им се воспротививте и
исцеление им излеавте на оние што при вас пристапуваат.“

(тропари на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици)