Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Амбасадорот на САД во Македонија во посета на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан (12.12.2005)

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во просториите на Македонската Aрхиепископија се сретна со Нејзината Екселенција, госпоѓа Џилиан Арлет Миловановиќ, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија и советници од Американската амбасада. Се работи за прва средба на новоназначениот Амбасадор на САД за Македонија со Поглаварот на Македонската Православна Црква.