Архиерејска Божествена Литургија во Прилеп (12.02.2006)
Во чест на празникот на Светите Тројца архиереи, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, во црквата на Светото Благовештение во Прилеп, денес Божествена Литругија отслужи Струмичкиот Митрополит г. Наум во сослужение со Епископот Велички г. Методиј и Епископот Хераклејски г. Климент. Многубројниот присутен верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.