Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велес (30.08.2006)

На 27 август кога Православната Црква го прославува Успението на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како администратор на Повардарската епархија, отслужи празнична вечерна богослужба во црквата „Света Богородица” во Велес.

 

 

           

 

 

 

 

Исто така на празничната вечерна зедоа учество повеќе свештенослужители од Повардарската епархија како и игуменот на манастирот „Св. Наум Охридски” од Охрид. По завршувањето на вечерната богослужба митрополитот Тимотеј се обрати пред многуилјадниот народ со соодветно слово во кое помеѓу другото го истакна значењето на овој голем Богородичен празник. Посебно го нагласи Успението на Пресвета Богородица и нејзиното воздигнување на небото, заради нејзината чистота и сеоданост кон нејзиниот Син и нашиот Спасител Господ Исус Христос.

 

 

 

 

 

Утредента на самиот празник митрополитот Тимотеј отслужи света архиерејска литургија во истиот храм, во сослужение на архимадритот Нектариј, игумен на м. Свети Наум, протереј-ставрофор Славе Јованов, архиерејски намесник на Велес, протојереј Борислав Лазов, старешина на црквата „Свети Димитриј” во Кавадарци, свештеник Благоја Гушков старешина на храмот, и свештениците од катерланата црква „Свети Пантелејмон” во Велес, Ристе Јанушев и Мики Миоски, како и ѓаконот Борислав Бобевски секретар на Повадарската епархија.

 

 

 

 

 

            

 

 

На светата литургија пееше црковниот хор од Велес, а ѓаконот Борислав Бобевски беше ракоположен во свештенички чин. По завршувањето на светата литургија митрополит Тимотеј се обрати кон многубројниот народ со празнично слово со што го појасни значењето на зборовите: „Марато, Марто ти се трудиш и грижиш за многу нешта, но Марија го избра подобриот дел кој нема да ди се одзме”, потенцирајќи ја духовната храна која се состои во учење, слушање и исполнување на Божјото слово.

На крајот од светата литургија го претстави новоракоположениот свештеник пред велешките верници и му посака чесно и достоинствено носење на свештеничкиот чинот да му послужи за спасение на неговата душа, а истовремено неговите идни поверени души да ги води по вистински православен Христов пат. Новоракоположениот свештеник го причести многубројниот народ со Tелото и со Kрвта на Господа Христа.

 

 

            

 

 

                                                                                                                               известува: Протоереј Борислав Лазов