Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија (10.11.2006)

По повод празникот на свети великомаченик Димитриј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички Иларион отслужи Света Архерејска Литургија во храмот на свети великомаченик Димитриј во општина Зрновци, кочанско.

Храмот беше посетен од многуброен народ од општината Зрнаци и кочанското архиерејско намесништво.

Митрополитот Иларион одржа празнична беседа за животот и чудата на свети великомаченик Димитриј, а на оние кои го носат името на овој голем Светител им го честита именденот.

По завршувањето на Светата Литургија беше извршена литија и исечен празничниот колач.