Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Собор на свети Архангел Михаил (23.11.2006)

 


На денот кога Црквата го проси молитвеното застапништво од светиот Архангел Михаил и на соборот на сите небесни сили, во храмот кој го изградил свети Наум Охридски на Белото Езеро, а на овој ден го осветил епископот св. Климент Охридски, се отслужи Света Архиерејска Литургија.
На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во сослужение со игуменот на манастирот на свети Наум, архимандритот Нектариј, архиерејскиот намесник о. Ефтим, свештеникот Борис од Повардарската епархија и собраќата на Бигорската света обител, свештеномонасите Доситеј и Јосиф.
На Литургијата присуствуваа мноштво верни од Охрид и непосредната околина, како и верници, етнички Албанци, од соседна Албанија. Верните во местото Поградец секоја година во се поголем број се собираат за да го прослават соборно овој ден.
После Литургијата Митрополитот Тимотеј одржа кратка пригодна беседа и го прекрши празничниот леб.