Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Шведска (03.12.2006)

На 2 декември 2006 година, на денот кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Авдија, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Архиерејска Божествена Литургија во градот Векше, Шведска.

„Ве молам, браќа, немојте никогаш да ја напуштате молитвата ниту пак да ја запоставувате... (Монахот) било да јаде, пие, седи дома, патува или прави нешто друго, должен е непрестајно да повикува ’Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме’... Со ова спомнување, душата која себеси се принудува на тоа може да пронајде во себе сè: најнапред внатре во своето срце ќе го пронајде она што е зло, а потоа и она што е добро. Ова спомнување ќе го поттикне движењето на змијата, но и ќе го смири. Ова спомнување може да го изобличи гревот што живее во нас и може да го уништи. Ова спомнување може да ја придвижи целата сила ѓаволска во срцето и може да ја победи и постепено да ја искорени: Името на Господ Исус Христос слегувајќи во длабочината на срцето ја уништува змијата која ги запоседнала неговите пространства, а душата ја спасува и ја оживува. Непрестајно, значи, биди со Името на Господ Исус Христос, така што срцето да го опфати Господ, и Господ срцето, и така да станат едно.“ (свети Јован Златоуст)