Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Краун Поинт (САД) (20.12.2006)

 

На 19 декември, на денот кога светата Православна Црква го слави споменот на Св. Никола Мирликиски Чудотворец, во храмот посветен на Св. Петар и Павле во Краун Поинт, Индијана, Неговото Високопреосвеоштенство, Митрополитот Американско–канадски г. Методиj отслужи празнична Божествена Литургија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  

На присутните верници Митрополитот г. Методиj им се обрати со следниве зборови:

 

Возљубени браќа и сестри во Христа,

 

Во празничниот тропар кон Светителот, личноста на Св. Никола Мирликискиот Архипастир ни се открива низ следниве три пофалби: правило на верата, образ на кротоста и учител на воздржувањето. Ние православните верници кои го почитуваме Неговиот свештен подвиг, правилно разбирајќи ги овие пофалби треба да се поучиме од нив во нашиот личен духовен живот. Зашто Свети Никола како добар пастир и на овој начин нè поучува и денес како треба да живееме како Христови сотрудници. Правилата на верата во потполност да ги запазуваме поучувајќи се на сите Божји заповеди сочувани во ризницата на Светото Писмо. Во кротоста и милосрдието, во нелицемерната љубов и проштевањето да станеме олицетворение на овие Евангелски добродетели како што тоа го стори Свети Никола. Во  постот, пак, и воздржанието да бидеме неуморни трудбеници зашто ако заборавиме на постот, на воздржувањето од секое злодело, лага или омраза тогаш сме го симнале од нашите плеќи благиот јарем Христов и сме се оддалечиле од спасителниот пат на Богољубието.

Радоста со која го празнуваме овој празник нека ни биде наш постојан поттик да се угледуваме во сето она со што Свети Никола го прослави Бог Троица.

Нека е на здравје и спасение Литугиското торжество.