Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богослужења во Брегалничката епрахија (10.01.2007)

Во храмот на свети Георгиј во Кочани, на 08.01.2007 година, на празникот на Соборот на Пресвета Богородица, Митрополитот Брегалнички отслужи Света Архиерејска Литургија заедно со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија.

Утредента, на 09.01.2007 година, на празникот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот на светиот пророк Илија во Радовиш, каде што го ракоположи дипломираниот богослов Саша Михајловски во ѓаконски чин.

На многубројните верници Митрополитот Иларион им упати Божикна порака, посакувајќи мирот Божји да зацари меѓу сите луѓе и во семејствата. Особено ја нагласи потребата од мирот и единството меѓу партиите во Р. Македонија, кои се услов за успешен напредок на нашата Црква и Татковина.