Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Прославен празникот на Богојавление во Штип (20.01.2007)

Во петокот, на 19 јануари, православните верници го прославија празникот Богојавление или Водици. Утрината, со почеток во 8.30 часот, во соборниот храм на свети Николај во Штип беше отслужена Литургија на свети Јован Златоуст, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со повеќе свештенослужители. На оваа Литургија дипломираниот богослов Алекандар Зашов беше произведен во чтец.

Традиционално, и оваа година Брегалничката епархија симболично го означи крштевањето на Исус Христос. Богојавленската литија тргна од соборниот храм на свети Николај во Штип во 10.30 часот. Околу 11 часот Митрополитот Иларион пред многубројниот насобран народ го фрли крстот во водата на градскиот базен во Штип, која всушност ја симболизира водата на реката Јордан, каде што беше крстен Господ Исус Христос.