Vesti i nastani
 
 
 
 
 

МОYА - Организацијата на македонската православна младина на Австралија (31.01.2007)

Организацијата на македонската православна младина на Австралија - МОYА (Мacedonian Orthodox Youth of Australia), со благослов на Неговото високопреосвештенство митрополитот г. Петар постои како таква еден краток период. Претходно била организирана во вид на посебни парохиски младински групи. Таа одржува редовни средби во манастирот на св. Прохор Пчински. На овие средби игуменот на манастирот о. Гаврил дава објаснувања за разни прашања од областа на православната вера и начин на живот, за кои потоа се дискутира. Во своите редовни средби тие работат на организација на разни активности во Црквата. На пример за Василица, позната кај нас како стара нова година, во нивна организација беше презентиран филмот „Исус од Назарет“, а потоа беше прекршена благословена баничка со париче.

На последната редовна средба, на 31.1.2007, после Вечерната богослужба, тие организираа предавање на тема: „За светата Причест”. Предавањето го одржа Неговото високопреосвештенство г. Петар, кој со еден убав и воедно лесен и разбирлив стил ја објасни суштината на Светата Евхаристија, како нам насушна потреба.

По предавањето, членовите на МОYА ги послужија присутните со традиционални македонски јадења.