Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Farmington Hills, Detroit, USA (25.02.2007)

На 11 февруари, кога Црквата го празнува споменот на Светиот маченик Георгиј Кратовски, во истоимениот храм на МПЦ во Фармингтон Хилс, Детроит, САД, празнично се прослави неговиот спомен, достоинствено и умерено како што прилега на прослава за време на Великиот пост. Во предвечерието на празникот се отслужи и Големо повечерие со Акатист кон Пресветата Богородица. Истата вечер сите присутни пристапија кон Светата Тајна Исповед, и така удостојувајќи се утредента да се причестат со Телото и Крвта на нашиот Спасител и Господ Исус Христос. Исто така беа осветени и новите црковни камбани кои ќе бидат во тихување сè додека не дојде Празникот за кој се подготвуваме низ овој пост. А дотогаш, додека не забијат камбаните низ сите православни храмови низ светот објавувајќи ни ја радоста на Христовото Воскресение, ви посакуваме лек и блажен пост!

 

 

 

 

           

 

 

 

          

 

 

известуваат: браќата и сестрите од црквата
на светиот маченик Георгиј Кратовски
Farmington Hills, Detroit, USA