Духовни поглавја (09.03.2007)
Академската
теологија не е доволна за спасение! Читајте ги главно аскетските отци! Таму ќе
ја научите вистинската теологија, ставот на умот и на срцето пред
Бога.
Чистата
молитва не им се подава на оние што многу изучуваат. Во оваа смисла, патот на
теолошката наука не е воопшто ефикасен и ретко води кон чистата и усрдна
молитва!
Теологија
е состојба на духот, остварена од благодатта Божја. Овде се наоѓа разликата
помеѓу теологијата и философијата, помеѓу вистинската теологија и теологијата на
интелектуалците. Ако едно такво вдахновение го допре вашето срце, тоа веќе не ќе
има крај на земјава. Тоа е неисцрпно, зашто во него се наоѓа почетокот на
вечниот живот. Ако дури и вашиот телесен состав се распадне, ова вдахновение ќе
живее во вас со огромна моќ!
Старец Софрониј