Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Торонто (07.04.2007)

 

 

На 4 април 2007, на Велика среда, Неговото Високопреосвестенство Mитрополитот Американски-канадски г. Методиј изврши Света тајна Маслосвет во Епархискиот соборен храм на Св. Климент Охридски во Торонто. На светата Тајна учествуваа неколку свештеници, а присуствуваа голем број верници. На крајот сите беа помазани за душевно и телесно здравје.