Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат велигденскиот број на православното списание „Премин“ (08.04.2007)

 

 

 

Во новиот број се поместени следните содржини:

 

1. Воскресение на умот / Митрополит Струмички г. Наум

2. Resurrection of the Мind / Metropolitan Nahum of Strumica

3. Тајната на Крстот Христов во нашиот живот / Митрополит Струмички г. Наум

4. Пасхалната Тајна / Светите Отци за Воскресението

5. Старозаветната Црква / о. Стефан Љашевски

 

 

 

 

 

 

 

6. Правен аспект на процесот против Спасителот / о. Радко Поптодоров

„...Пилат повеќе од три пати изјави дека не наоѓа вина во Спасителот (Лука 23; 14, 20, 22). Наспроти сето тоа, тој Го предаде Спасителот на камшикување. Казната беше тешка. Римските камшици – воловски жили со ребрести метални шилци – го расекуваа месото, умртвувајќи го човекот или оставајќи го полужив. Компромисната пресуда што ја изрече намесникот беше чекор кон неговото конечно отстапување од правдата и законот. Малодушноста на Пилат ги ободри Јудејците и тие го засилија својот притисок. „Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на кесарот. Секој што се прави цар, противник му е на кесарот“ (Јован 19, 12), – врескаа тие. Овие зборови го исплашија Пилат. На римскиот император веќе му беа пратени неколку жалби против него. Ваквото обвинение, „противник на кесарот“, подразбираше предавство на државата, кое според законот се казнуваше со смрт. Пилат се повлече. Тој го прекрши правилото, востановено од римското право, според кое за едно дело може да следи само една казна. И покрај тоа што Христос претрпе неправедна и нечовечна казна – камшикување, намесникот сепак ја одобри смртната пресуда на јудејскиот синедрион. И Пилат пресуди да им биде по желбата нивна, па им го пушти затвореникот во темница за бунт и убиство, за кого молеа; и Исуса им Го предаде на нивна волја“ (Лука 23, 24-25). Св. Јован Богослов само забележува: И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исуса, и Го поведоа (Јован 19, 16).

            Еврејскиот обичај наложуваше процесијата со осудениот на смрт, по патот кон Голгота, да запре крај градските порти – т.н. Судни порти. Таму ја објавуваа вината на осудениот како и пресудата. Доколку потоа кој било полнолетен граѓанин го изразеше својот сомнеж во праведноста на казната, истрагата почнуваше отпочеток. Никој не кажа збор во одбрана на Спасителот. Пресудата беше извршена. Очигледно човечката неправда триумфираше и силите на злото победија. Но, духовно и невидливо торжествуваше сепобедувачката Божја љубов и навистина беше принесена голема жртва за искупување на човечкиот род...“

 

 


7.
Митрополит Струмички г. Наум: И ние сите ќе победиме / Станавме легенди а сè
уште сме живи / Црквата не проколнува туку благословува

„...Веднаш да одговорам на главното прашање: Црквата не може да проколнува! Ниту на Епископите на Црквата им е дозволено да проколнуваат! Ниту Бог некого проколнува! Бог е само љубов и благослов. Епископот, како сведок на Божјата љубов, е оној што благословува. Црквата, како заедница на љубов и слобода, е место и време на благослов. Благослов е заедницата со Бога. Проклетство е отпаѓањето од таа заедница. Човекот што ги исполнува Божјите заповеди стапува во заедница со Бога. Оној што ги нарушува Божјите заповеди отпаѓа од заедницата со Бога. Човекот е создаден според ликот Божји, како словесно (свесно, разумно) и слободно битие. Главни карактеристики на човекот се правото и слободата да се определува за доброто или за злото. Исполнувајќи ги Божјите заповеди, човекот го избира доброто. Нарушувајќи ги Божјите заповеди, човекот го избира злото и ги исполнува желбите на ѓаволот. Може да заклучиме дека: човекот самиот себеси се проколнува творејќи зло или самиот, творејќи добро, создава услови да биде благословен од Бога. Значи секој треба да се плаши само од себеси и од своите зли дела со кои отпаѓа од Бога и од Божјиот благослов, а не од проколнување на Црквата. Затоа во претходниот текст, „Станавме легенди, а сè уште сме живи“, го потенцирав фактот дека самите себе се казнуваме кога твориме зло, а не дека Бог казнува. Тоа важи најнапред за мене, потоа за тебе, драг читателу, и на крај за сите луѓе. Кој твори добро, нека биде спокоен...“

 

8. Крштението во делата на св. Кирил Ерусалимски / о. Јосиф

 

9. Никој ништо повеќе не ми вети од - живот вечен / о. Григориј

„...Агенциите за испитување на јавното мислење, различните политички и бихевиористички институти создаваат инкрементални иновации, промени во свеста, однесувањето и културата, го кондиционираат светот за следните случувања. Човекот станува информациски еуфорик. Човекот ја усвојува информацијата во готов вид, и тоа во таков вид каков што им одговара на некои. Народот денес верува дека е добро информиран, но тоа што не го разбира е дека мислењата за кои верува дека се негови, всушност се создадени во истражувачките центри и експертските тимови - односно никој од нас не е слободен да има сопствено мислење, мисловните органи на личноста се допрени од бихевиористичките институти кои го креираат кондиционирањето на настаните во светот. Контролата оди дотаму што, без прашања, инкрементално ќе го прифатиме речиси секој акт на глобализациските текови. Светот не е составен од поединечни и неповрзани сили. Процесот на долгорочно кондиционирање се извршува со помош на светската култура, која создава креативна тензија глокално (глобално и локално). Интернационализацијата креира или води заедничка култура во светот, чија суштина се состои од преовладување на самозадоволството...“

„... Инаку, не можеме да бидеме контролирани од никакви глобални решенија, сè додека не се побара од нас (православните) да исполниме некакви услови за да ни бидат достапни контролираните светски ресурси. Значи, никакви лични документации, лични кодови, немаат влијание, освен преку нас, преку нашата напаѓана слободна волја за да прифати и влезе, на пример, во Светскиот совет на црквите или слично. Ете, ти дадов врата отворена, и никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое (Откр. 3, 8). “


10. Агиоритското просветителство на преподобен Кирил Пејчиновиќ / Милан Ѓорѓевиќ
11. Несоница / Јанко Илковски

12. Зарем не гореа срцата наши / Тања
Плавшиќ Битољану

„...Не бевме родени и растени во сенката на некоја катедрала. На бочниот ѕид од Офицерски дом ни прожектираа воени и ударнички филмови. Вапцани велигденски јајца рашетуваа ретките среќници во чии домови се славеше празникот. Св. Никола, манастирот со името на светeцот од нивното детство, почна да нè прибира сите. Долу учевме математика и јазици, возење точак и компјутери, горе учевме за љубовта Божја и смислата на постоењето. Над магливите градски утра и дивината на планината, блесна одново белината на старата Црквичка. Облеана со сонце, нејзината мистична територија како да се протегаше и од онаа страна на дворот, како да допираше далеку во надворешниот свет....

...Во Словото на Вистината ме воведе Старец со сострадална пастирска грижа, себераспнување... Јас веќе не сум своја... Како поклоник минувам низ градови-сведоштва, градови-евангелија, градови на Гората, небесните градови на Св. Августин...

Страниците на Новиот Свет ќе ги соберат сите племиња и јазици. Зарем тогаш е важно распнувањето низ кое сега поминуваме? Моето срце е веќе таму каде што телесниот остаток лесно ќе го следи...“


1
3. За осветувањето и бестрастието / Старец Јосиф
1
4. За духот и животот / Старец Софрониј
1
5. Plaku Sofroni
1
6. Православието и светот/ Крај на дарвинизмот
1
7. Вести од православниот свет
1
8. За празниците