Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Ѓурѓовден во Syracuse, САД (10.05.2007)

На 5 и 6 мај оваа година, по повод патрониот празник на црквата, големиот воин на Светата Православна Црква – светиот великомаченик и победоносец Георгиј, во црквата на свети Георгиј во Сираќуз, Сојузна Држава Њујорк, беа одбележани патрони чествувања.

 

 

          

 

Во саботата на 5 мај, по традиционалниот дочек на надлежниот архиереј на Американско-канадската Македонска Православна Епархија Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Методиј, беше отслужена Вечерна богослужба.

Во неделата на 6 мај, беше отслужена Света Архиерејска Литургија, по што, во присуство на неколку стотици македонски православни верници од Сираќуз и од други македонски православни цркви, беше осветен прекрасниот фрескопис во црквата, дело на извонредниот иконограф отец Андреј Ерастов. Потоа беше пресечен празничниот леб и беше приредена трпеза на љубовта, а учениците од неделното училиште настапија со куса програма.

Покрај свештеници од македонските православни цркви, на патроните свечености бевме почестени и со присуството на свештеници од Руската Задгранична Црква, како и Бугарската епархија за САД.

Истиот ден, Митрополитот г. Методиј се сретна и со Младинската организација при црквата на свети Георгиј од Сираќуз, при што тие го запозна со нејзините активности, а беа разменети и идеи за поактивно вклучување на младите во структурите на Американско-канадската Македонска Православна Епархија.

 

                                    известува: протоереј-ставрофор Бранко Постоловски