Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Венчавка во манастирот на св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка (13.05.2007)

На 12.05.2007 година, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Полошко-кумановски господин Кирил го посети епархискиот резиденцијален манастир на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, заедно со господин Андреа Јосифовски, претседател на Управниот одбор на АД „Макпетрол”, со сопругата Оливера и нивните ќерки Милица и Марија. Господин Андреја Јосифовски е голем донатор на Светата Македонска Православна Црква, а воедно и на првата лавра во Полошко-кумановската епархија, Св. Ѓорѓи во село Дељадровци, каде средствата за целосно фрескописање се обезбедени од АД “Макпетрол”- Скопје.

Истиот ден, во манастирската црква на свети Јоаким Осоговски, Митрополитот Кирил изврши Света тајна венчание над младенците Левески Дејан и Манасиева Анета, на кои венчален кум беше господинот Андреја Јосифовски, со неговото семејство.