Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Црква свети Никола, Охрид (16.05.2007)

Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на свештенослужители од Епархијата, денес изврши благословување и осветување на камен темелник за помошни парохиски простории при градската црква на св. Никола во месноста Долна Мала во Охрид.

Овие простории ќе се градат на западната страна од влезот на црквата, и се предвидуваат камбанарија, сала за состаноци, свештеничка канцеларија, свеќара за продажба на свеќи и мал магацин.

Осветувањето на кемен темелникот беше проследено од голем број на верници од парохијата и пошироко од Охрид, а меѓу гостите присуствуваше и градоначалникот на Охрид г. Александар Петрески, како и други видни лица од градот.

Со почетокот на 2007 година при црквата на св. Никола, која се наоѓаше во составот на Охридската парохија при Варошката парохија, се формира нова парохија, која сѐ уште не е пополнета со свештеник. И токму овие активности во оваа црква придонесуваат за мошне скоро време парохијата да заживее со сецелосен црковно-литургиски живот.

 

 

     

 

 

 

 

известува: о. Игор Никовски