Парастос во црквата на свети Архангел Михаил во с. Јегуновце – тетовско (06.06.2007)
Во сабота на 02. 06. 2007 година, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко–кумановски г. Кирил, свештениците на Тетовското архиерејско намесништво отслужија помен за покој на душата на чедото Божјо Софче Јовановски. По парастосот до многубројниот присутен народ се обрати архиерејскиот намесник, протоерејот Мирко Станковски и парохискиот свештеник Дарко Наумовски кој ја прочита телеграмата испратена од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски г.г. Стефан, Митрополитот г. Кирил и протоерејот Димитрие Крстески, во која тие говореа за човековата душа во небесната Црква.
Организатор на поменот беше директорот и сопственикот на РТВ „Kiss“, кој беше голем пријател на сега починатиот Софче Јовановски.
Софче Јовановски беше пример на истакнат човек и бизнисмен на нашата дијаспора, човек кој не жалејќи ниту време ниту пари придонесе да се надминат различностите на нашите луѓе во заеднички дела, за сопствениот народ. Ова име вечно ќе се памти како најголем донатор за изградба на цркви и манастири во Полошкиот регион, како и надвор од Р. Македонија.
Бог да го прости. Вечен помен.
Амин.
Известува: о. Синиша Ристовски