Духовни поглавја (03.07.2007)
Со послушание, срцето постојано станува сè почувствително за животот на другите, за нивните страданија, за нивниот напредок и за нивните потреби.
Не поставувајќи се над својот ближен, туку служејќи му, стануваме подобни на Господа. Христос ни го покажа патот во ноќта на Тајната Вечера. Беше Господ, а им ги миеше нозете на Своите ученици!
Со послушание, нашето срце и нашиот дух ќе се прошират бескрајно.
Со послушание, нашиот живот станува особено осветен, дури и во најдлабокиот сон!
Со послушание се бориме против страстите, така што ниедна страсна помисла да не може да нè зароби!
Старец Софрониј